СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Автомат клубовите Астра донираа медицинска опрема вредна 20.000 евра на болницата во Тетово

Хуманитарната акција на компаниите, дел од Групацијата НОВОМАТИК во Македонија продолжи во Тетово, каде автомат клубовите „Астра“ донираа болнички кревети во износ од 20.000,00 евра на ЈЗУ Општа клиничка болница во Тетово.

Станува збор за електронски болнички кревети кои се донирани на болницата, со цел полесно надминување на предизвиците од пандемијата на вирусот COVID-19.

Водени од заложбата дека секој заслужува достоинствен здравствен третман, а од друга страна и потребата од хоспитализирање на поголем број на болни лица од вообичаено, компаниите дел од Групацијата НОВОМАТИК во Македонија ја продолжија акцијата за донирање на медицинска опрема во здравствените институции кои се задолжени за лекување на болните од COVID-19 и се веќе на средината на нејзината реализација.

Солидарноста е она што ќе помогне да се надминат овие тешки денови, па затоа „Астра“ како општествено одговорна компанија реши да подаде рака кон заедницата и на овој начин да им се заблагодари и на здравствените работници кои несебично се вложија во оваа борба за надминување на пандемијата.

Поврзани вести

Цените на угостителските услуги повисоки во октомври

msp-admin

Американски судија го блокираше обидот на Трамп да го забрани „WeChat“

msp-admin

Бочварски: 350 милиони евра се инвестирани во автопатот Кичево – Охрид, 100 милиони во патиштата кон Бугарија

msp-admin