СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Commerzbank распродава филијали низ целиот свет

Commerzbank AG започнува да го продава својот банкарски бизнис во Унгарија, соопштија извори блиски до ова прашање, додека новиот извршен директор на банката започна план за намалување на трошоците и повлекување од неколку земји.

Вредноста на филијалата во Унгарија се проценува на околу 100 милиони долари, а како потенцијални купувачи се споменуваат белгиската KBC Group NV и австриската Raiffeisen Bank International AG, наведоа неименувани извори, цитирани од „Блумберг“. OTP, најголемата банка во Унгарија, исто така е заинтересирана за купување деловни активности на Commerzbank.

Претставниците на KBC Bank изјавија дека секогаш биле заинтересирани за дополнителни можности на главните пазари, вклучително и Унгарија, но не сакаат да зборуваат за деталите. Commerzbank одби да ги коментира наводите за можна продажба, а претставниците на Raiffeisen банка не сакаа да ги коментираат наводите.

Извршниот директор на Commerzbank, Манфред Ноф, кој ја презеде должноста претседател на почетокот на оваа година, претстави четиригодишен план за намалување на трошоците и најави дека профитабилноста ќе биде поважна од растот. Банката идентификуваше 15 локации во странство каде ќе бидат затворени или продавани филијали, вклучувајќи ги Бразил, Белгија, Унгарија и Луксембург.

Според годишниот извештај, единицата Commerzbank во Унгарија оствари нето добивка од 1,2 милијарди форинти (3,36 милиони евра). Големите европски банки, како што се Deutsche Bank AG и HSBC Holdings Plc, ги распродадоа своите експозитури во периферните географски области со цел да ги стабилизираат финансиите и да ги зголемат профитите.

Внатрешната пресметка на Commerzbank покажа дека ќе изгуби околу два милиони клиенти до 2024 година, објави порталот „Архид“. Тоа треба да значи загуба од околу 300 милиони евра приход. Банката во моментов има околу 11 милиони приватни и корпоративни клиенти, а во Commerzbank не сакаше да ги коментира овие информации.

Стагнирачките приходи и претерано високите трошоци долго ги намалија профитите на банката, па акционерите се незадоволни, а државата е главен акционер.
Претставниците на германската влада оценија дека посветеноста на државата кон втората по големина германска банка не е добар пат.

Поврзани вести

Volkswagen размислува за IPO на Porsche

Влатко Зорба

Битиќи: Царинските стапки треба да претрпат промени

msp-admin

Колемишевски: Преку PayPal, ќе овозможиме да се продаваат и нашите производи на светскиот пазар

msp-admin