СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Црногорската влада купи два авиона за новата авиокомпанија

Црногорската влада ќе купи два авиони што ги користла националната авиокомпанија „Montenegro Airlines“ (MA) од „GE Capital Aviation Services“ (GECAS) за 21,78 милиони долари. МА овие авиони ги изнајмувале под договор за лизинг, што не можеле да го испочитуваат, а сега ги користи новата авиокомпанија „To Montenegro“.

– Постигнат е договор, наместо да ги подмири преостанатите обврски и да плаќа казни поради предвремено раскинување на договорот, државата купи два авиона од GECAS. На овој начин беа заштедени повеќе од 43 милиони американски долари: наместо државата да плаќа толку многу за раскинување на тековниот договор за закуп помеѓу „MA“ и „GECAS“, притоа губејќи ги сите права за располагање со тие авиони, ние ги купивме за нешто повеќе од 21 милиони долари. Тоа значи дека, од денес, тие се во трајна сопственост на државата“, објави вчера министерот за финансии и социјална помош Милојко Спајиќ, пишува „Вијести“.

По згаснувањето на „Montenegro Airlines“, новата авиокомпанија ќе се вика „2 Montenegro“

Од МФ изјави дека МА, кој беше ставен во неповолна финансиска состојба од претходната влада и лоша политика на управување, потпишал договор за закуп со GECAS во јули 2007 година. Периодот на закуп определен со овој договор за лизинг е осум години, а вкупните преостанати долгови според тековниот закуп изнесуваат повеќе од 39 милиони американски долари.

Поврзани вести

Работа од дома ЗАСЕКОГАШ за 30.000 вработени на „Форд“

Влатко Зорба

Германија ќе ги чувствува ефектите од пандемијата барем до 2025 година

Влатко Зорба

Најскапиот развод во историјата: Што ќе поделат Бил и Мелинда Гејтс?