СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Катар ги укинува дискриминаторските плати за странските работници

Новата недискриминаторска минимална плата на Катар стапува на сила како уште една во низата тековни реформи поврзани со работната сила.

Стапува на сила новата недискриминаторска минимална плата на Катар за работниците од сите националности во сите сектори, вклучително и вработените во семејства како домашни помошници.

Закон усвоен минатата година им дава на работодавците преоден рок од шест месеци да се подготват за новите минимални прагови.

Катар е првата земја што воведе недискриминаторска минимална плата, како дел од историските реформи на државните закони за труд.

Покрај минималната основна месечна плата од 1.000 QAR (275 долари), законот предвидува дека работодавците мора да им исплатат на работниците уште 300 за храна и 500 за сместување доколку не им го дадат на работниците.

Повеќе од 400.000 работници или 20 проценти од приватниот сектор директно ќе имаат корист од новиот закон.

– Ова зголемување на платата исто така ќе го подобри животот на многу семејства во земјите од кои доаѓаат работниците и кои се потпираат на парите што им се испраќаат секој месец – рече Макс Тунон од Канцеларијата на МОТ во Катар.

За да се осигури дека работодавците се придржуваат до исплатите на минималната плата, владата ги зајакнува мерките за откривање на повреди и воведување на построги казни. Исто така, ги зајакнува овластувањата на трудовите инспектори.

Законот за минимална плата беше усвоен по сеопфатна анализа спроведена од катарската влада и МОТ, во консултација со домашни и меѓународни експерти, работници и работодавци од различни економски сектори. Овој закон следи други големи реформи, вклучително и укинување на системот „кафала“, т.е. систем на спонзорства.

Така, работниците повеќе нема да бараат дозвола за излез за да ја напуштат земјата, ниту НОК – Потврда дека поранешниот работодавач се согласува да ја смени работата.

Овие мерки сигурно ќе го направат Катар поатрактивна дестинација за талентирани работници и инвестиции од целиот свет.

– Треба да се решат уште некои прашања во врска со поефикасната мобилност на работниците, но забележуваме се поголем број на работници кои се селат на нови работни места. Околу 75 проценти од работниците кои аплицирале за промена на работното место веќе го завршиле процесот, додека останатите во моментов работат на тоа – рече Макс Тунон.

Поврзани вести

Колку ќе заработи „Фајзер“ со продажба на вакцините ширум светот? Цифрата е огромна

Stefanija Kuzmanovska

Колемишевски: Процесот на добивање на картичката „Купувам домашно“ ќе биде едноставен, без апликација

msp-admin

Huawei: Нашиот автомобил ќе поминува повеќе од 1.000 км, далеку подобри сме од Tesla

Влатко Зорба