СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кинезите ја сакаат „Ер Србија“

Официјален Пекинг е заинтересиран да купи пакет акции на „Етихад“ во „Ер Србија“, дознава Данас од добро информирани извори блиски до српската влада.

Кинезите сакаат да ја зајакнат својата позиција како голем инвеститор во Србија со купување пакет од 49% од акциите на поранешниот ЈАТ (по аквизицијата на Железара Смедерево и РТБ Бор) и на тој начин да излезат на европскиот авијациски пазар преку „мала врата“.

За таа цел, официјален Пекинг веќе ја извести српската влада дека е подготвена една од кинеските компании да преземе пакет акции контролирани од „Етихад“, кој веќе подолго време е во неволја, па затоа се шпекулира дека сака да излезе од сопствеништво во Ер Србија, компанија која работи во минус.

– Секако би и одговарало на државата Србија голем кинески авиопревозник да стане сопственик и со тоа всушност да го преземе управувањето со Ер Србија. Соодветно на тоа, Владата на Србија нема да има забелешки против „Етихад“ да ги продаде своите акции на кинеска компанија. Сепак, во Владата постои дилема дали да се даде согласност за ваква одлука како мнозински сопственик на „Ер Србија“, односно да се прифати кинеската компанија за нов партнер, бидејќи постои страв Брисел да реагира негативно на тоа – наведува соговорникот на „Данас“.

Познато е дека Европската унија е многу скептична во однос на какви било кинески инвестиции во земјите на „стариот континент“ бидејќи во тоа ја гледа експанзионистичката политика на Пекинг и смета дека компаниите од таа земја се склони кон нелојална конкуренција и кршење на пазарните правила според економијата во земјите членки на ЕУ.

Исто така, Брисел очекува ваква политика кон кинеските инвестиции од своите партнери, како што е Србија, која сака да стане членка на ЕУ.

Токму тоа е причината што, како што дознава „Данас“, Владата на Србија не дала позитивен одговор на предлогот на Пекинг, ниту излезе во јавноста со тие информации.

Поврзани вести

Борба против навала на купувачи: Сакате да правите залихи – платете десеткратно

msp-admin

Се ближи крајот на конфликтот меѓу Кина и Џек Ма

Влатко Зорба

Битиќи: Ќе се кратат работните места во јавната администрација

Берта Китинска