СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Mилениците се добрeдојдени во салонот на телекомуникацискиот оператор НЕОТЕЛ

Телекомуникацискиот оператор НЕОТЕЛ ги отвори вратите за домашните миленици. Без оглед на големината, тежината или расата, сите се добрeдојдени.

Корисниците, а и оние кои се заинтересирани за услугите на НЕОТЕЛ, повеќе не треба да бидат загрижени дали нивното милениче смеат да го донесат во продажниот салонот. Додека се информираат или склучуваат договор миленичето може удобно да се смести во салонот или на местото изработено за таа намена.

Со ова НЕОТЕЛ, покрај тоа што сака да се доближи до своите постоечки и идни корисници, сака да ја подигне и поттикне свеста за грижата и љубовта кон домашните миленици.

Салонот е отворен секој работен ден од 09:00 до 20:00 како и сабота од 09:30 до 15:30.

Поврзани вести

Само милијардерите ќе ја паметат годинава по добро

msp-admin

Државните нафтени компании може да потрошат 400 милијарди долари во енергетската транзиција

Влатко Зорба

Безос годинава може да плати данок од 2 милијарди долари

Влатко Зорба