СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

На Црна Гора и недостасуваат 300.000 квадратни метри плажи за нормален туризам

Во следните пет години, на Црна Гора ќе и недостасуваат минимум 300.000 квадратни метри плажи за нормално одвивање на туристичката сезона, објави Јавното претпријатие за управување со поморски средства, цитирано од локалните медиуми.

Управувањето со плажите и подрачјата за капење, како важен сегмент од туристичката понуда на Црна Гора, се дефинира како еден од приоритетите во работата на Јавното претпријатие, што покрај уредувањето, опремувањето и стандардизацијата на постојните природни и изградени плажи, вклучува и изградба и уредување на нови области за капење согласно планските документи.

Според Стратегијата за одржливо управување со плажите во Црна Гора, која ја развија неколку домашни и хрватски институции, од 2018 година, Јавното претпријатие за управување со поморски средства објави 36 јавни повици за закуп на крајбрежјето за изградба на нови плажи според планските документи.

Нагласено е дека постапката за јавен тендер, освен соодветна документација за планирање, подразбира согласност од локалните самоуправи, надлежните институции, потоа ресорните министерства и, конечно, Владата на Црна Гора, се наведува во соопштението, јави „Побједа“.

Од петпријатието нагласуваат дека тие работат паралелно за да обезбедат значителни средства преку меѓународни фондови, „со цел максимално успешно да се спроведат проекти за ревитализација на пет јавни плажи (Могрен, Пржно, Петровац, Сутоморе, Жукотрлица), од кои само за Сутоморе и Жукотрлица треба да се обезбедат 13 милиони евра“.

Поврзани вести

Пивара Скопје донираше паркиралиште за велосипеди во Кавадарци

msp-admin

„Секој ден „заклучување“ чини 190 милиони евра“

Влатко Зорба

ОКТА го започна третиот квартал од 2019 година со значително зголемена профитабилност

msp-admin