СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Скок од 300%: Каде најмногу се извезуваат македонски маски, скафандери и друга заштитна опрема

Извозот на маски, скафандери и друга заштитна опрема е речиси за 300% поголем во април, во однос на истиот период минатата година.

Според Facebook статусот на министерката за финансии, Нина Ангеловска, за 300% е зголемен извозот на “други текстилни производи“, што во април оваа година достигна 390 милиони денари, а во април лани бил 135 милиони денари.

Најмногу заштитна опрема според вредност е изведена во: Германија, Катар, Холандија, Белгија и Австрија.

“Македонските маски и опрема ќе го заштитат здравјето на илјадници граѓани ширум светот… Да се гордееме со домашните текстилни компании, брзо се адаптираа и произведуваат заштитна опрема во полн капацитет“, напиша Ангеловска на својот официјален Facebook профил.

Поврзани вести

Просечната нето плата во август е 27.535 денари

msp-admin

ХТЛ Македонија донираше медицинска опрема во вкупна вредност од 20.000 ЕВРА на ГОБ 8-МИ Септември

msp-admin

PayPal воведува плаќање со криптовалути

msp-admin