СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Toyota ги надмина конкурентите и ги зголеми изгледите за профит во 2021 година

Toyota Motor Corp., која има најголема продажба на автомобили во светот во 2020 година, ги зголеми своите изгледи за профит за повеќе од 50% во услови на закрепнување на глобалната побарувачка, според „Блумберг“.

Toyota предвидува оперативен профит од 2 трилиони јени (19 милијарди долари) за фискалната година до март во споредба со 1,3 трилиони јени во ноември. Просечните очекувања на аналитичарите се за добивка од 1,5 трилиони јени. За кварталот од октомври до декември, Toyota објави профит од 988 милијарди јени, лесно надминувајќи ги прелиминарните прогнози од 571 милијарди јени.

Подобрената прогноза ја потенцира зголемената доверба на Тојота дека компанијата може постојано да привлекува купувачи и да произведува возила, дури и кога индустријата се бори да се справи со послаба економија и глобален недостиг на чипови што го попречува производството.

„Ако ја поделите автомобилската индустрија на победници и губитници, Toyota очигледно победи“, рече аналитичарот на агенцијата „ Bloomberg Intelligence “, Тацуо Јошида. Според него, клучна е можноста на компанијата да продолжи да лансира автомобили на големите пазари, вклучувајќи го и популарниот кросовер SUV RAV4.

„Toyota обично се занимава со научно истражување и развој на производи, поради што компанијата напредува дури и во вакви времиња“, додаде аналитичарот.

Во вторникот, Nissan Motor предвиде помала загуба за финансиската година отколку што се очекуваше.

Компанијата Honda Motor Co. исто така, објави оперативен профит за кварталот и ги зголеми своите изгледи за финансиската година за околу 24%.

Иако постројките и изложбените салони беа затворени на пролет и глобалната продажба на Toyota падна за 21 процент во првата половина на минатата година, продажбата се стабилизира во септември и порасна за 10 проценти на годишно ниво до декември. Приходите за последниот квартал се зголемија за 8% на 8,2 трилиони јени од просечната прогноза на аналитичарите за 7,6 трилиони јени.

„Оперативната добивка на компанијата се зголеми во сите региони во текот на кварталот, со продажбата во Кина и САД зголемена со лансирањето на нови автомобили“, рече на брифинг Главниот финансиски директор на Toyota, Кента Кон.

„Toyota успеа да се опорави и да го зголеми производството веднаш штом се опорави глобалната побарувачка за автомобили“, рече Такеши Миао, аналитичар во консултантската куќа „Carnorama“ во Токио. „Ова помогна да се издвои од другите производители на автомобили, како што е Nisan, кои побавно го зголемија производството по првичниот бран Ковид-19“, додаде тој.

За целата 2021 година, Toyota предвидува приход од продажба од 26,5 трилиони јени, што е целосно во согласност со прогнозите на аналитичарите за 26,3 трилиони јени.

Секој месец од август наваму, Toyota произведува рекорден број возила. Во 2021 година, компанијата планира да произведе невидени 9,2 милиони автомобили ширум светот, што е за 2% повеќе отколку во 2019 година.

Поврзани вести

Битиќи во посета на „Пејпер Мил“: Фабриката го рестартира производството по инсталирање на еколошки филтер

Влатко Зорба

Hyundai и Apple планираат да потпишат договор за автономни возила до март

Влатко Зорба

Bosch и Microsoft ќе прават платформа за автомобили

Влатко Зорба