СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Binance Coin е сè поблизу да го надмине Ethereum

Binance Coin (BNB) постави нов рекорд на сите времиња од 580 долари, продолжувајќи го своето рели. Криптовалутата порасна за скоро 1500% од почетокот на 2021 година.

Во моментов, BNB веќе достигна нешто над 40% од пазарната капитализација на Ethereum, што значи дека цената на токенот ќе треба да се зголеми тројно од тука натаму, за да го измести својот главен конкурент.

Во последниот месец, Binance Smart Chain (BSC) стана одржлива алтернатива на Etherium заради ниските такси, со апликации како PancakeSwap кои започнаа да се натпреваруваат со DEX лидерот – Uniswap.

Сепак, Рајан Воткинс од Messari неодамна се сврте кон Твитер за да се пожали на централизацијата на BSC:

„Причината поради која BSC е побрза и пообемна не е заради некоја магична технолошка иновација. Не, тоа е магијата на централизацијата … Binance има неверојатен дострел и влијание и го користи за да насочи многу нови корисници кон DeFi. Затоа заработува BSC“.

Поврзани вести

Ethereum е најпотценето крипто средство

Влатко Зорба

Додека сите гледаат во Bitcoin, друга валута расте во сенка: Сега е над 1.200 долари!

Влатко Зорба

Првиот Bitcoin ETF одобрен во Канада

Влатко Зорба