СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Етереум е нов хит на пазарот на криптовалути, еве зошто

По неколкунеделна консолидација, биткоинот вчера повторно се искачи, со што се сруши границата од 40.000 американски долари, што може да го отвори патот за нов рекорд (42.000).

Вредноста на алткоините и бројните „де-фи“ проекти исто така значително порасна од почетокот на годината.

Етереум (ЕТХ) за прв пат ја проби границата од 1.500 американски долари пред неколку дена, а една од причините за растот е што од следната недела ќе може да се тргува со оваа криптовалута на берзата во Чикаго (ЦМЕ). „Грејскејл инвестментс“, најголемиот фонд за криптовалути, ја зајакна својата позиција во етереум со дополнителни 25.000 монети, така што веќе има средства од 4,5 милијарди долари во таа криптовалута. Цената на ЕТХ е зголемена повеќе од двојно оваа година, а најхрабрите предвидувања велат дека со растечката улога на мрежата Етереум 2.0, таа може да достигне дури 10 илјади долари.

ЕТХ е децентрализирана платформа за блокирање, предложена и ко-основана од Виталик Бутерин. Во 2014 година, луѓето му донираа средства преку кампања за финансирање.

Етереум се користи за водење паметни договори. Ова се апликации кои немаат можност за цензура, измама, мешање на трети страни или прекин на работата.

Всушност, паметниот договор ЕТХ е компјутерски код што работи на блокчејн мрежа и може да олесни размена на пари, содржина, средства, акции или што било од вредност.

Во меѓувреме, криптовалутите се растечка цел на институционалните инвеститори. „Грејскејл инвестментс“ деновиве ја поминаа важната пресвртница и сега управуваат со средства од над 30 милијарди долари. Огромниот раст на средствата со кои управуваат – тие ја започнаа приказната со само 2 милијарди американски долари минатата година – е резултат на зголемениот интерес од институционалните инвеститори, особено од хеџ фондовите, пишува „СиБиз“.

Извршниот директор Мајкл Соненшеин изјави дека менаџерите на фондови за вложување повеќе не ризикуваат затоа што инвестираат во криптовалути, но сега поголем ризик преземаат оние менаџери кои сè уште не ги препознаваат криптовалутите како важна класа за инвестиции. „Грејскејл инвестментс“ моментално управува со средства од 30,4 милијарди американски долари, а „Грејскејл Биткоин Траст“ има 24 милијарди долари. Следи „Етереум траст“ со средства од пет милијарди долари.

Извонредниот раст на биткоинот минатата година, што повторно се совпадна со „преполовувањето“, беше предизвикана од големи институционални инвеститори кои го признаваат биткоинот како чувар на вредност.

Давателот на бизнис услуги, „МикроСтратеџи“ пред една година одлучи да ги размени повеќето свои средства со биткоин. Компанијата веќе поседува (податоци од почетокот на јануари) вкупно 70.470 биткоини. Претпоставувајќи дека еден биткоин вреди 40.000 американски долари, тоа е имот вреден 2,8 милијарди долари. Биткоините се купени по просечна цена од 21.925 американски долари.

„Ситибанк“ го намали рејтингот на акциите на „МикроСтратеџи“ од „неутрална“ на „продажба“ пред два месеци поради прекумерна изложеност на биткоин. Оттогаш, цената на акциите е скоро тројно зголемена и се искачи од нешто помалку од 300 долари на добри 800 долари.

Поврзани вести

Централната банка на Франција наскоро може да купува и чува Биткоин

Влатко Зорба

Сејлор: Илјадници директори на корпорации се заинтересирани за Биткоин

Влатко Зорба

Индија го забранува Биткоин и воведува своја криптовалута

Влатко Зорба