Најпознатата дигитална паричка доживеа вистински бум во кризната 2020 година, а трендот на раст на биткоин продолжува и во 2021 година. Причината за тоа се уште се нестабилни финансиски пазари, низ целиот свет, но и се почестото свртување на компаниите кон криптовалути, како опции за „редовно плаќање“.
Покрај тоа, централните банки имаат намера да воведат дигитални национални валути, што би биле конкуренција на криптовалутите, бидејќи се плашат од доминација на овој вид пари. Останува да видиме што ќе се случи со фиат парите, со текот на времето.
Втората најпопуларна крипто валута, етер, исто така напредуваше неодамна и сега вреди дури 2.160 долари, но сепак биткоинот останува доминантен со вредност од 60.962 долари (во моментот на пишување на текстот).
„Мислам дека реков дека биткоинот оди до бесконечност и некако е тешко да се разбере, затоа што го мерам во долари“, рече неодамна Пауел Блумберг, на прашањето да ја предвиди цената на најпознатата криптовалута на крајот на 2021 година.
Тој додаде дека неговата вредност може да се зголеми од сегашната „цена“ или една паричка за Тесла Модел 3 – на „една паричка за Ламборџини“ до крајот на 2021 година или „една паричка за Бугати“ до 2023 година.