СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Litecoin за кратко стана четвртата по големина криптовалута според пазарната капитализација

Litecoin, криптовалута која обично се нарекува дигитално „сребро“, додека Bitcoin се нарекува дигиталнo „злато“, стана четвртата по големина криптовалута според пазарната капитализација.

Според „CoinGecko“, XRP си го врати своето место назад, но невозможно е да се каже како ќе продолжи оваа битка со Litecoin.

Со години, XRP се етаблираше како трета најдоминантна криптовалута во блокчејн просторот, но многу нешта се сменија.

Во декември, Комисијата за хартии од вредност (SEC) поднесе обвиненија против Ripple Labs и двајца нејзини директори за продажба на нерегистрирани хартии од вредност од над 1 милијарда долари.

SEC тврди дека XRP е хартија од вредност, а не валута и затоа Ripple Labs не соодветно ги исполнува тековните прописи. Тимот на Ripple тврди дека XRP е дигитално средство и валута како што се Bitcoin или Ethereum и затоа не треба да биде под јурисдикција на Комисијата. Од SEC веќе ги разјаснија своите ставови за Bitcoin и Ethereum, но никогаш не коментираше за XRP додека не беа покренати обвиненија.

Ripple нанесе огромен удар откако беа покренати обвиненијата. Матичната крипто валута на Ripple Network, XRP, падна од највисоко тримесечно ниво од 0,71 $ за XRP на сегашната цена од 0,22 $.

Ова е во време кога другите криптовалути забележаа огромни придобивки. Многумина ја дуплираа својата пазарна капитализација во текот на истиот период.

Инвеститорите на XRP неодамна поднесоа молба до SEC во која се наведува дека обвинувањата против Ripple не биле во најдобар интерес на инвеститорите и предизвикале материјална штета на компанијата и криптовалутата.

Доколку оваа петиција е прифатена од Комисијата за хартии од вредност, тогаш е можно таа да ги отфрли обвинувањата, иако ова сценарио не изгледа веројатно.

Поврзани вести

Grayscale купи Биткоини за 590 милиони долари за еден ден

Влатко Зорба

По објавата на Mastercard, Биткоин „тера“ кон 50.000 долари

Влатко Зорба

Вредноста на Ethereum се искачи над 1.100 долари

Влатко Зорба