СТАНДАРД life
Фото: Санела Шукриевска
МК Сцена

🎥Битолчанката Санела дебитираше на јубилејното издание на „Макфест“ и направи вистинско „Цунами“

Харизматичната и талентирана пејачка, битолчанката Санела Шукриевска дебитираше на годинешниот Макфест со песната „Цунами“, чиј комплетен автор е Кирил Зарлинов (дј Ерик Фокс), а микс и мастерот е на нашиот познат хит мејкер и продуцент Јован Јованов. Стилот на песната е поп-денс.

Санела е студентка на Правен факултет, а завршила како виолинист во средното музичко училиште во Битола. Нејзиниот музички талент го наследила од татко и кој исто така се занимавал со музика и ја охрабрил да се запише во музичко училиште. Професионално започнува да се занимава со пеење на 15-годишна возраст, настапувајќи на бројни настани низ цела Македонија. Зела учество на фестивали во Грција и Молдавија, каде што освоила први места.

„Цунами“ е нејзината прва песна која се надеваме дека ќе допре до срцата на слушателите и ќе направи вистинско цунами.

Поврзани вести

Концерт на легендарниот српски рапер Марчело во МКЦ

Radmila Tasevska

Започна фестивалот ВиноСкоп 2023

Radmila Tasevska

Се огласи Елена Ристеска по нападот во угостителски објект во Скопје (ФОТО)

Radmila Tasevska