СТАНДАРД life
Фото: Симона Поповска
МК Сцена

🎬Симона Поповска со една од најемотивните изведби на „Макфест“

На јубилејното 40-то издание на фестивалот „Макфест“, Симона Поповска ја донесе една од најемотивните изведби на вечерта со песната „Не ми доаѓаш“, чиј комплетен автор е Зоран Алексиќ.

Симона уште еднаш потврди дека е артист што ја руши границата меѓу музиката и уметноста.

„Не ми доаѓаш“ претставува природно продолжение на нејзиниот уметнички циклус во кој се вбројуваат „Бакни ме за крај“, „Без тебе“, „Ловец и плен“ и „Бели ноќи“. Преку секоја песна, Поповска ја отвора следната врата на емоционалната трансформација

„Секоја моја песна е дел од истиот процес,“–  вели Симона.

„Не ми доаѓаш“ е кулминацијата на таа приказна моментот кога жената престанува да бара љубов и почнува да ја разбира.

На сцената таа блесна во креација на нашиот а светски ЈЗЈ – Златко Јовановски, која одлично се вклопи со сценскиот видео приказ, а публиката во Домот на културата во Штип ја награди со долготраен аплауз.

Со овој настап, Симона Поповска уште еднаш потврди дека е артистна на македонската сцена што не трча по трендови, туку гради сопствен свет каде музиката, симболиката и чувството стануваат едно.

Поврзани вести

Нино Леви стана пензионер

Radmila Tasevska

„Хомо“ со десетта награда на меѓународен филмски фестивал

Urednik

MIYATTA со нов сингл ,,Добра ноќ, Добар ден“ (ВИДЕО)

Radmila Tasevska