Пејачката Сиа се најде во средината на нова правна битка со поранешниот сопруг Ден Бернард.
За време на нивниот развод, Бернард поднесе барање за старателство над нивниот 19-месечен син Сомерсолт, попознат како Суми, тврдејќи дека пејачката се бори со зависност и е неспособна да се грижи за детето, според документите добиени од E!News.
Ден, 47, во поднесокот тврди дека Сиа, 49, е неспособна да се грижи за момчето што го добија во март 2024 година.
„Сиа претставува сериозна и непосредна опасност за нашиот син“, напиша Бернард, тврдејќи дека пејачката „намерно и постојано криела“ двонеделна хоспитализација во септември.
„Таа беше позитивна на барбитурати и бензодиазепини, без никакво легитимно медицинско објаснување.“, стои во поднесокот.
Бензодиазепините се седативи кои најчесто се наоѓаат во лекови против анксиозност како што е Ксанакс и во терапиите за несоница, додека барбитуратите се седативно-хипнотички лекови кои се користат за лекување на несоница и спречување на напади.
Бернард тврди дека Сиа му го одзела правото на посета
Бернард не само што бара старателство поради наводна злоупотреба на дрога, туку тврди и дека Сиа го прекршила нивниот договор за заедничко старателство со тоа што му го одзела правото на посета.
„Однесувањето на Сиа е неодговорно, опасно и покажува целосно непочитување на благосостојбата на нејзините деца и судските наредби“, рече тој. „Сиа е несоодветен и несигурен старател кој се бори со злоупотреба на супстанции и зависност, што ја прави неспособна да обезбеди безбедна и стабилна грижа за Сами“.
Поранешниот радиотерапевт, кој ја напушти кариерата кога се венчаа во 2022 година, рече дека неговото професионално искуство го прави „единствениот безбеден и сигурен родител за мојот син“. „Јас сум доктор, млад, здрав и немам криминално досие или проблеми со зависност од дрога или алкохол“, додаде тој.
Сиа ги негира обвинувањата
Сиа ги негира обвинувањата, нарекувајќи ги „целосно неосновани и погрешни“.
„Вистината е дека имав проблем со дрога и алкохол пред повеќе од 15 години“, рече пејачката.
„Сосема сум трезна повеќе од шест месеци и сум на програма што вклучува неделно тестирање“, додаде таа.
Таа исто така изјави дека била главна старателка на Ден пред нивната разделба.
„Ден не работи. Ден ужива во ноќниот живот и забавите“, тврди Сиа.
„Тоа е уште една причина зошто сум загрижена дали Ден е одговорен и соодветен родител. Тоа беше шемата во текот на целиот наш краток брак.“, тврди пејачката.
Кога беше во Лос Анџелес, Ден поминуваше ограничено време со Суми, а најмногу со дадилката.“, истакна Сиа.
