СТАНДАРД life
МК Сцена

🎥„Пијана” – песната со која Дани Димитровска се врати на Макфест

„Пијана” е новата песна на нашата поп рок дива, Дани Димитровска која по неколку години повторно застана на сцената на Макфест и му подари на 39-то издание на овој фестивал уште еден хит. „Пијана” вибрира љубовно – пијанство од љубов и среќа е најубавиот поздрав кој може да го посакаме некому”. Музиката и текстот се на Весна Малинова, а за аранжманот стои Јордан Манов.

„…немам време да мразам на луѓе да газам” нека е добро утро секој ден, за да ни тргне денот со посвета на себе”, порачува Дани во својот најнов сингл.

Дани ја промовираше „Пијана” на Макфест во највпечатлив сценски костим и ги подигна стандардите на сценскиот израз, а видео записот на оваа песна беше објавен во неделата, ден по фестивалскиот настап. Спотот е во целосна продукција на 2by4, во режија и монтажа на Ени Вучидолова.

„Видеото за „Пијана” е најприродниот однос досега прикажан. Реалните сопнувања, паѓања и будалаштини се задржани и прикажани во видеото како потсетник на тоа дека сме живи луѓе, создадени за слобода, за емотивна размена, соединување. 2by4 продукција го обои и соедини ова парче вистина кое, сигурна сум, ќе ви украде насмевка”, изјавува Дани.
Обожователите на Дани Димитровска имаат можност да ја слушнат „Пијана” на сите музички стриминг платформи, а на YouTube да го погледнат видео записот.

Наскоро ќе слушнеме уште една нова песна од Дани, за која таа вели дека е најразлична од сѐ досега што снимила, но се надева дека ќе и се допадне на публиката затоа што има важна порака да пренесе.

Поврзани вести

🎥Симона Поповска го промовираше видео спотот за „Бели ноќи“

Urednik

Актери, спортисти и поп ѕвезди ќе седнат на берберски столици за подигнување на свеста за машкото здравје

Radmila Tasevska

Ќерката на Мукаетов дипломираше на еден од најпрестижните факултети за графички дизан во Европа

Urednik