СТАНДАРД life
МК Сцена

📽Ивона Јо: Оваа песна е за едно време кога „себично” ја чував болката во себе и за себе

„Себично” е песната на Ивона Јо со која таа ја погоди публиката на овогодинешниот Макфест во Штип, а од сега слушателите ќе имаат можност и да го погледнат спотот во кој Ивона јасно ја пренесува својата порака до публиката. Тимот кој ја создаде оваа песна се состои од Илија Ќосевски како композитор и Весна Малинова како текстописец. Видео записот за „Себично” е во продукција на 2by4 Production, а во режија на Ени Вучидолова.

„Оваа песна е за едно време кога „себично” ја чував болката во себе и за себе. За едно време кое зема сѐ од мене за да се пронајдам себе. Патот до себе ме доведе до оваа песна која ми ја исцели душата вадејќи ја секоја негативна емоција од мене. Сакам да допрам до слушателите, до публиката… Толку многу сме навикнати да ја чуваме болката во себе и никако да излеземе од кругот на самодеструктивноста. Во секој од нас има поубаво место за живеење. Можеме и без болката, можеме без сѐ, освен без себе. На светот му е потребна нашата емпатија, милост, добрина. Со песна за некој поубав свет”, вели Ивона.

Поврзани вести

Започна фестивалот ВиноСкоп 2023

Radmila Tasevska

Сопругот на Антониа Гиговска го истетовира името на синот

Radmila Tasevska

Гиговска за „Стандард лајф“: Имам позитивна трема за враќање на сцената и чувствувам дека повторно треба да ги освојам сите кои ме сакаат

Urednik