Љубовната балада го носи насловот „Ако одиш” и е четврта по ред песна која Ѓоко ја објавува годинава. На музиката и аранжманот свој потпис стави Лазар Цветкоски, додека текстот е дело на неговата сестра, Магдалена Цветкоска. Спотот е снимен на повеќе атрактивни локации во продукција на М16 при турнејата на Ѓоко Јовиќ и Енерџи Бенд во Австралија.
– Само неколку часа по објавувањето на спотот веќе добив бројни пораки и драго ми е што уште на стартот публиката може да ја осети енергијата и целата емоција која ја носи истата. Посветена ми е, се чувствува дека пеам од срце и мислам дека многумина ќе се пронајдат во неа. Оставам простор да стигне до секого, но еве ќе најавам, очекувајте многу музика од мене, без разлика на бројните настапи и напорните турнеи, мојата публика заслужува нови песни. Бескрајно сум благодарен за целата поддршка која ја имам, вели пејачот Ѓоко Јовиќ.
Како потсетување, претходно јавноста ги слушна песните „Магија”, „Незаборавна” која дојде во ултра модерен ритам, како и народната „За четири наши дечиња” со што пејачот покажа дека успешно “плива” во повеќе жанрови и знае на вистински начин да ги донесе до публиката.