СТАНДАРД life
МК Сцена

„Бизнисот на задоволството“ селектиран на еден од најстарите филмски фестивали во светот

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството” на Гоце Цветановски е дел од официјалната програма на 77. издание на интернационалниот филмски фестивал во Салерно, Италија (Salerno International Film Festival).

Се работи за еден од најстарите филмски фестивали во светот основан во 1945 година, веднаш по Втората светска војна. Фестивалот во својата долгогодишна традиција континуирано нуди приказ на новите трендови во светската кинематографија, а за своја главна мисија го има развојот на кинематографската писменост кај публиката.

Фестивалот ќе се одржи од 27 ноември до 2 декември, а „Бизнисот на задоволството” ќе биде прикажан на 29 ноември во 19 часот. Најдобриот филм ќе ја добие статуетката „Игнацио Роси” на последната вечер кога ќе бидат објавени наградите за победничките филмови.

„Бизнисот на задоволството” досега е селектиран на 20 меѓународни фестивали и е добитник на пет интернационални награди.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Филмот е снимен со поддршка од Агенцијата за филм.

Поврзани вести

Skopje Tattoo Show ќе го обои градот со уметност, култура и креативност

Urednik

Проекција на краткиот филм „Само ѓаволот се плаши од вода“

Urednik

„Бизнисот на Задоволството“ својата прва проекција годинава ќе ја има во Венецуела

Urednik