СТАНДАРД life
МК Сцена

„Бизнисот на Задоволството“ својата прва проекција годинава ќе ја има во Венецуела

Дебитанскиот филм на Гоце Цветановски, „Бизнисот на Задоволството“ ја продолжува успешната фестивалска кариера.

После дваесетина селекции и 5 награди во 2023, политичкиот трилер кој ја третира темата на трговија со жени годинава својата прва проекција ќе ја има во Венецуела, на 9. издание на FICMARC – Caribbean Sea International Film Festival (https://ficmarc7.wixsite.com/festivalmarcaribe) кој ќе се одржи од 19 до 21 јануари.

Ова е трет пат филмот да игра во Латинска Америка, каде што лани доби награда за најдобар филм на филмските фестивали во Перу и Панама. Во главните улоги играат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ и Исмаил Касуми, а продуценти се Богдан Јончевски, Дритон Рамадани и Гоце Цветановски.

„Бизнисот на Задоволството“ е поддржан од Агенцијата за Филм, а македонската публика напролет конечно ќе може да го види и во кино салите кај нас.

„Бизнисот на задоволството“ селектиран на еден од најстарите филмски фестивали во светот

Поврзани вести

Лабина Митевска е годинашна добитничка на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“

Radmila Tasevska

Тату мајсторот Ангелов: „Black and grey“ и „Color“ тетоважите се најбарани, но сепак секоја мода се враќа

Urednik

📽My Tear го претставува својот нов албум на 6 декември во Скопје

Urednik