СТАНДАРД life
МК Сцена

Филмот „Нешто слатко“ во повеќе градови низ републиката

„Нешто слатко” –  романтичната и питката комедија со актерските ѕвезди: Сашко Коцев како Аце Мајсторовски и Јелена Јованова-Периќ во ликот на Каја, од премиерната проекција во мај 2023 год. до сега, во кино салите и на отворено (летни кина), ширум нашата земја се прикажа пред повеќе од 7.000 задоволни гледачи.
Главниот дистрибутер во РСМ, ПРОЦЕС К ПРОДУКЦИЈА, им овозможува на гледачите проекцијата на филмот да ја гледаат во следните градови и термини: Пробиштип – Дом на култура „Злетовски Рудар” – 22.9, Демир Хисар – Дом на култура „Илинден” – 22.9, Прилеп – Дом на култура „Марко Цепенков” – 25 и 26.9, Св. Николе – Дом на култура „Крсте Мисирков” – 28.9, Кичево – Дом на култура „Кочо рацин” – 28.9, Кратово – Дом на култура „Лазар Софијанов” – 30.9, Куманово – септември (датумот ќе биде дополнително објавен), Охрид – Центар за култура „Григор Прличев” – 4 и 5.10, Кавадарци – Дом на култура „Иван Мазов” – во првата половина на октомври, Богданци – Дом на култура „Бранд Петрушев” – во првата половина на октомври, Валандово – Дом на култура „25-ти Мај” – исто така кон првата половина на октомври и во  Крива Паланка – Центар за култура  – по 10 октомври, а наскоро и во КИНО МИЛЕНИУМ, Скопје – кон крајот на септември и октомври.
Меѓу останатото филмот е прикажан во Cineplexx MK, Кино 3D Битола, Дом на млади Штип и Паркинг кино – Битола, како и на неколку фестивали.

Поврзани вести

Хотел 88 премиерно во Македонија

Urednik

„Јон Вардар против галаксијата” премиерно прикажан во Шпанија

Urednik

Три години снимање во екстремни услови му донесе на Силјан нова номинација – исклучителен продуцент/и и на документарен филм од страна на престижните PGA Awards

Urednik