СТАНДАРД life
Шоубиз

Клои Кардашијан го покажа лицето по операцијата: „Имав рак на кожата, останав со вдлабнатина…“

Ријалити ѕвездата Клои Кардашијан (39) се отвори за својата битка со ракот на кожата, откако минатата година и беше отстранета „ситна точка од меланом“. Таа покажа и како изгледа нејзиното лице откако го отстрани.

– За оние кои не знаат, имав рак на кожата на лицето. Мораа да ми го отстранат туморот од образот и останав со вдлабнатина. Дефинитивно не се жалам затоа што повеќе би сакала да имам дупченце отколку меланом“, напиша таа на својот Инстаграм профил во вторникот.

Таа објави неколку фотографии, а на една од нив веднаш по операцијата го покажа лицето со конци на образот. На останатите фотографии таа покажа како изгледа вдлабнатината која ја имаше по операцијата, а откри дека ќе ја наполни со филери.

Клои Кардашијан
Клои Кардашијан

– Чекав повеќе од девет месеци за да го завршам ова. Трпението е сè, и секако, моравме медицински да се увериме дека се е безбедно – напиша таа. Таа исто така додаде дека додавањето филер на образите ќе биде нешто што секогаш ќе мора да го прави.

– Изгледам лудо на овие фотографии, но среќна сум што моето лице полека се враќа во нормала – напиша таа покрај фотографијата на која покажува како изгледа по првата тура филери.

Му се заблагодарила на хирургот кој и го отстранил туморот за кој мислела дека е само мозолче.

– Не само што ми го отстрани туморот и се погрижи повеќе да немам рак, туку и направи одлична работа да ми ја направи лузната што е можно помала и убава – додала таа.

Таа им се обрати и на присутните и ги советуваше да се погрижат да одат на лекар за преглед на кожата.

Клои првпат откри дека има тумор во октомври 2022 година, откако во медиумите се рашири фотографија од неа со фластер на образот.

Поврзани вести

Стив Мартин наскоро може да се пензионира

Urednik

📽Мајкл Џеј Фокс во документарец открива детали за борбата со Паркинсон

Urednik

Кармен Електра поднесе барање за промена на нејзиното име – Дали знаете како е нејзиното вистинско име?

Radmila Tasevska