СТАНДАРД life
Шоубиз

Ева Мендес е најголемиот обожавател на Гослинг: „Мојот човек. Мојот живот…’

Холивудскиот актер Рајан Гослинг, кој моментално работи на промоцијата на својот најнов филм со Марго Роби „Барби“, навистина може да биде среќен што со себе ја има жената на неговиот живот – Ева Мендес, која постојано го фали.

Љубовта и фасцинацијата на актерката со нејзиниот сопруг е неверојатна. Таа не е помалку маѓепсана од неговиот талент од остатокот од светот или режисерката на филмот „Барби“ Грета Гервиг. А она што е најважно од се е што таа не бега од јавните пофалби на негова сметка, што го направи уште еднаш откако го прочита интервјуто што Грета го даде за Ролинг Стоун, во кое го пофали неверојатниот талент на Гослинг.

Имено, Грета Гервиг имаше само пофални зборови за овој холивудски миленик, опишувајќи го како неверојатна комбинација од најголемите холивудски икони. Така Грета рече дека тој е совршена комбинација на харизматичниот Марлон Брандо, разиграниот и шармантен Џин Вајлдер, префинетиот уметник Џон Баримор и магнетно харизматичниот на Џон Траволта.

Таа споредба многу и се допадна на Ева Мендес, која во последната објава на Инстаграм го пофали својот сопруг. Заедно со фотографиите од заедничкиот филм „Sins of the Father“ од 2012 година, во кој започна нивната љубовна приказна, Ева напиша: „Мојот човек. Мојот живот… Потценување е да се каже дека тој е најголемиот актер со кој сум работела. Благодарение на брилијантната и убава Грета Гервиг.’

А, Ева Мендес добива не помала јавна поддршка од Гослинг, кој во своето последно интервју за GQ откри нешто за тоа колку е вљубен во својата убава сопруга.

„Кога ме прашавте за Ева и децата, мислам дека кажав како не размислував да имам деца додека таа не ми кажа дека е бремена. Па, тоа не е баш така. Не сакав јавно да зборувам за тие работи, но не сакам ни да биде погрешно претставено. Вистина е дека не размислував за деца до моментот кога ја запознав Ева, а по средбата сфатив дека без неа не сакам да имам деца“.

Поврзани вести

Врската на Бредли Купер и Џиџи Хадид станува се посериозна

Urednik

„Крај на летото со последното капење“: Бекам се прости од Хрватска

Urednik

📸 Ким стана амбасадорка на Баленсијага: „Таа ја интересираат само парите“

Radmila Tasevska