СТАНДАРД life
Храна

Направете совршени макарони и сирење и уживајте во денот

Ако навистина не знаете што да јадете, запомнете дека денес е ден на макароните. Овој ден беше дизајниран да ги цениме сите јадења во кои ги има овие тестенини.

Главната разлика помеѓу макароните и шпагетите е тоа што макароните се шупливи и обично пократки. Се подготвуваат во зовриена и посолена вода, а времето за готвење зависи од видот, најчесто од 5 до 10 минути.

При варењето на макароните потребно е да земете поголем сад за да не се залепат макароните. Додека се варат, три до четири пати измешајте ги макароните за да не се залепат на работ од тавата. Послужете ги со саканиот сос и уживајте!

Макарони и сирење

Состојки:

1 литар полномасно млеко
8 лажици путер
70 грама брашно
лажица сол
500 грама макарони (полжави)
230 грама сечкан Чедар
80 грама мелен Пекорино кашкавал
70 гр. трошки

Подготовка на бешамелот:

Во тенџере со средна големина загрејте го млекото на средно силен оган додека не зоврие, а потоа исклучете го огнот и оставете го на страна. Растопете го путерот во големо тенџере на средна топлина. Додадете го брашното и постојано мешајте додека смесата не добие светло кафена боја, околу 3 минути. Тргнете од оган. Во смесата со брашно полека додавајте го врелото млеко со постојано мешање додека не се изедначи. (Многу ќе се згусне кога ќе го додадете млекото, а потоа ќе се опушти) Вратете го тенџерето на средно-силен оган и постојано мешајте ја смесата, варете додека не се згусне сосот, околу 2 до 3 минути. Промешајте со една лажица сол. Тргнете го од оган и оставете го на страна.

Подготовка на јадењето:

Сварете ги макароните. Ставете го бешамел сосот на средно-силен оган и измешајте ги двете сирења додека не се стопат и смесата не се изедначи. Додадете ги тестенините во сосот и продолжете да готвите, повремено мешајќи, 2 до 4 минути.

Послужете веднаш или ако сакате да ги потпечете, состојките префрлете ги во сад за печење, посипете со трошки и печете на 200 степени 25 до 30 минути.

На здравје!

Поврзани вести

Рецепт за највкусната француска салата која ќе ги воодушеви сите

Urednik

Лут намаз од грав

Radmila Tasevska

Брз тарт од чоколадо и бадем

Urednik