СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
МК Сцена

(Фото+видео) Емотивната Калиопи ѝ го честиташе роденденот и пензионирањето на својата сестра Корнелија: „Мојата преубава…“

Сестрата на Калиопи, Корнелија Буклеска, која работеше како новинарка и уредник на Редакцијата за култура и уметност во Македонското радио, вчера го прослави 64-от роденден.

Во семејството на Калиопи вчера се славеше, а повод беше роденденот на нејзината сестра и нејзиното заминување во пензија.

Видно среќната Калиопи ѝ го честиташе роденденот. а воедно и пензионирањето на својата сестра Корнелија Буклеска.

Со емотивни зборови и фотографии Калиопи на својот профил на Инстаграм ја сподели прекрасната роденденска честитка што ѝ ја упати на Корнелија, како и заминувањето во пензија.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

„Мојата преубава сестра, мојата гордост, вчера на 18.11.2025 , го прослави својот роденден и заминувањето во пензија… Овој глас не милуваше и оплеменуваше на брановите на Македонското Радио. Кога бев мала, сакав да бидам како тебе,Корнелија… Ти честитам мила моја! Сега е време за твојата друга љубов – пишувањето! Те сакам Нели моја… Твоја Опи“, напиша емотивната Калиопи.

И колегите ја испратија во заслужена пензија, по 37 години поминати во радиото.

„Во животот се добива само тоа што ќе се побара со храброст. Без храброст нема приказна, а Корнелија Буклеска, Уредничката на Редакцијата за култура и уметност во МРА-Радио Скопје има своја приказна по 37 години поминати во радиото. Taa e и останува храбра жена и понатаму.
Денеска слави 64-ти роденден и заминува во заслужена пензија.
Среќнои нека се множат годините, наша Корнелија!
Од МРА“, стои во објавата на официјалниот профил на Фејсбук на Македонско Радио – Радио Скопје.

Корнелија, која 37 години беше еден од најпрепознатливите гласови и уреднички потписи на јавниот сервис, беше испратена во пензија со прослава и подароци од колегите.

Поврзани вести

📹Новото издание на Галоски насловено „Hypnotized“ – премиерно емитувано во емисиите на Тиесто и Армин ван Бурен

Urednik

Андријана Јаневска е најдобра пејачка во светот на натпревар во САД

Radmila Tasevska

📸Бојана Нушкова сподели „случајни“ фотографии од Грција

Urednik