12.8 C
Скопје
15 септември, 2024
СТАНДАРД life
МК Сцена

📹„Ghosts“ е првиот албум на Јон Ајди

Со најновиот сингл „Ghosts”, Јон го издаде и првиот истоименуван студиски албум, со што заокружи една етапа од својата кариера.

Албумот содржи песни од почетоците на неговата кариера и претставува своевидно животно патување низ последните 6 години. Секоја песна е слика на неговата душа во посебен период од животот.

Yon Idy е уметничкото име на Јон Ајдини, роден во Скопје, во 1995 година. Неговата музика се емитува на радио станици низ светот, како во САД, Велика Британија, Германија, Швајцарија, Грција, Хрватска, Албанија, Косово итн.

До сега има учествувано на Sunny Hill Festival во Приштина, Live at Heart во Шведска, како и на националниот натпревар за Песна на Евровизија, каде ја изведе „Dreams”.

Веќе има воспоставено соработка со реномирано студио од Бугарија од каде очекуваме три нови песни во скоро време. Воедно, има покани за учество на неколку светски фестивали, па следниов период ќе биде многу ангажиран околу настапи и патувања.

Поврзани вести

Дарио & Миг 21 во живо пред скопјани !

Urednik

🎥„Очи Вселена” на Сара Мејс доби видео запис

Urednik

📽 Антониа Гиговска за својот 23 роденден со нова песна: „Мразам што те сакам“

Radmila Tasevska