СТАНДАРД life
МК Сцена

„Јон Вардар против Галаксијата“ овој викенд на Grossmann Fantastic Film & Wine Festival во Словенија

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата” во сценарио и режија на Гоце Цветановски ќе биде прикажан на 21. издание на Фестивалот за Фантастични филмови и вино во Љутомер, Словенија. Проекцијата е закажана за сабота, 5 јули во Домот на културата.

Интересно е што фестивалот, покрај внимателно селектираната програма од жанровски филмови, има и посебен фокус на виното. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат различни вина за време на фестивалските настани, создавајќи уникатно искуство кое ги спојува филмот и винската култура.

„Овој фестивал за мене има посебно значење, затоа што во 2016 година гостував со краток анимиран филм и тогаш ја имав честа да се запознаам со Јан Харлан, продуцентот на Стенли Кјубрик – еден од моите омилени режисери, чие влијание може да се забележи во повеќе сцени од ‘Јон Вардар'”, изјави режисерот Гоце Цветановски.

Grossmann Fantastic Film & Wine Festival е дел од Европската асоцијација на фантастични филмски фестивали (European Fantastic Film Festivals Federation – EFFFF) и доделува награда Мелиес за најдобар европски фантастичен филм.

Поврзани вести

Започнува регионален предизвик за бармени со парични награди од 30.000, 4.000 и 2.000 евра

Radmila Tasevska

Манчевски доби Специјална награда на фестивалот И-фест во Калабрија

Urednik

„Андерфест 7“ – алтернативниот рок фестивал се враќа со уште поголема енергија!

Urednik