СТАНДАРД life
МК Сцена

Калиопи – нова песна “Кад осване”

Повеќедецениска кариера исполнета со успех, раскошен вокал и неверојатна харизма е она што ја краси Калиопи.

Континуирано ја исполнува својата дискографија со нови песни и на својата публика и дарува музичка магија.

Новата песна „Кад осване“ е на сите дигитални платформи и на официјалниот YouTube канал, а еве што вели Калиопи

за нејзината нова песна, и овој пат комплетно авторско дело на нејзиниот долгогодишен соработник Ромео Грилл:

„Песната „Кад осване“ (Кога ќе раздени) никого нема да остави рамнодушен. Тоа е песна која буди од длабок сон, раздвижува и ја враќа надежта за подобри денови! Кога ја слушнав прв пат, бев пресреќна што добив ваква песна! Ромео и овој пат се надмина себеси, а тоа му успева речиси 40 години, колку што веќе соработуваме заедно … За неполни 5 месеци добив две големи песни! Дуетската „Знам“, со мојот пријател Жељко Самарџиќ, која веќе со молскавична брзина се врежа во срцата на публиката, а сега исто така длабоко верувам дека „Кад осване“ ќе биде песна за која ќе се зборува и којашто многу ќе се пее! Имаме нов хит!“

Музиката, текстот, аранжманот и продукцијата ги потпишува Ромео Грил.

Поврзани вести

Камиказа се потсети на „Трст виa Скопје“

Urednik

„Чуварите на формулата” на Бјелогрлиќ од денес во кино Милениум

Urednik

Рецензија на „Холивуд Репортер“ за „Патување пеш“: Режисерката на „Медена земја“ со нејзиниот ефективен спој на политичка итност и поетска креативност

Urednik