СТАНДАРД life
МК Сцена

„Кажи ми во лице“ е мелем за уши – Музичкото дуо Дупер со нов музички хит

Борис Какуринов и Илчо Нечовски очигледно го имаат тајниот рецепт за музички хит, затоа што и овојпат нивната нова песна „Кажи ми во лице” е полн погодок, односно мелем за уши. Музичкото дуо Дупер го објави најновиот музички проект „Кажи ми во лице” и за само неколку часа го украде вниманието на јавноста.

Преку најновата песна „Кажи ми во лице” успеаа со поинаков пристап, да го искажат својот автентичен музички стил со заразни мелодии и певлив текст, зад кој се крие искрена љубовна емоција. Музиката и текстот се авторско дело на Борис Какуринов и Илчо Нечовски, зад аранжманот на песната се потпишува Борис Какуринов, а за миксот и мастерот е задолжен Ангел Ќосев од студио „Подрумот”.

Видео записот, кое е дело на Јордан Ѓорески, е снимен во пријатна и тивка, домашна атмосфера која совршено ја отсликува приказната и емоцијата во песната.

Музиката што ја создава Дупер е единствена и безвременска и затоа секој нивен нов проект освен што носи свежина во македонскиот музички етер, исто така секогаш е пријатно изненадување за публиката.

Со песните „Не сум твој тип”, „Ние сме 2″, „Тело за на ТВ”, „Пробај да ми бидеш” ја освоија македонската публика, а со „Кажи ми во лице” докажаа дека се квалитетно музичко дуо кое создава оригинална музика со препознатлив и карактеристичен звук.

Поврзани вести

Пред 17 години не напушти големиот Тоше Проески

Urednik

Турската продукција ЈУРТА и израелскиот филм ГРАДОТ прогласени за најдобри филмови на овогодинешниот СИНЕДЕЈС

Urednik

📹Независниот краток игран филм „Мавера“ во официјалната селекција на филмскиот фестивал во Тирана

Urednik