СТАНДАРД life
МК Сцена

СЛАТКАР со КОНЦЕРТ во СКОПЈЕ!

Кога ќе чуете Слаткар и концерт, веднаш ви текнува на “Слаткаристика будало” и преполна Метрополис арена!

Тоа е така затоа што таа, 2009-та година, сите го запознавме Раперот кој беше поинаков од се’ што сме виделе дотогаш.

Тогаш Слаткар го издава легендарниот албум “Слаткаристика будало”кој се продава во рекордни 48 часа, а исто така за миг распродадената концертна сала станува реалност и за еден македонски артист.

Слаткар, на свои 23 години постави стандарди на перформанс во живо, одржување концерти на светско ниво, распродавање албуми и арени, а песните од тоа време и ден денес ги пеат сите генерации.

Денес, после 15 години… тој најавува ретроспектива на сите хитови, од сите временски ери од неговото творештво, а публиката после повеќе од деценија, од излагањето на албумот “Слаткаристика будало”, ќе има можност да присуствува на одличен настап во живо на Слаткар со неговиот бенд, за уште еден концерт за паметење!

Специјални гости: Тони Зен и 2Бона

Датум: 16-ти март
Локација: СКОПЈЕ ЕВЕНТ ЦЕНТАР
Време: 21:00 часот

Биди дел од оваа хип – хоп ЕВОЛУЦИЈА со песните од времето што некогаш беа РЕВОЛУЦИЈА!

 

Поврзани вести

Ди-Џеј Александар Јорданов: Не се подготвувам за моите сетови, нема ништо поубаво од спонтаност

Urednik

Режисерката Тамара Котевска во друштво на Амал Клуни во Венеција

Radmila Tasevska

Интервју со Тамара: Видов како од херој и најголем патриот се станува најголем предавник и зло за својата татковина

Urednik