СТАНДАРД life
Фото: Матеј Џајковски
МК Сцена

Матеј Џајковски (BigSlav) е номиниран за најпрестижната музичка награда Греми

Албумот на групата FLO „Access All Areas” на кој работеше македонскиот музички продуцент Матеј Џајковски, познат како BigSlav, е номиниран за престижната музичка награда „Греми”. Џајковски беше дел од авторите и продуцентите на песната „On & On” од споменатиот албум.

Албумот „Access All Areas” е номиниран за најдобар во категоријата „Best Progressive R&B Album” на 68-то издание на Греми награди кои ќе се одржуваат на 1ви февруари следната година во Crypto.com арената во Лос Анџелес. По издавањето на албумот, тој се најде на #1 местото на Apple Music во Соединетите Американски Држави и Велика Британија.

Песната „On & On”, која ја продуцираше нашиот Матеј Џајковски по неколку месеци од излегувањето на албумот, претставува апсолутен фаворит на фановите на групата, а песната се рангираше високо во музичкото списание Billboard и оттогаш е константно присутна на радио станиците во САД.

Ова е прва номинација за Матеј Џајковски кој веќе подолго време работи како музички продуцент во Лос Анџелес. За неговите успеси веќе слушнавме кога негова музика се најде на soundtrack-от на серијата Inventing Anna, која беше една од најгледаните серии на Нетфликс. 

Поврзани вести

📽 Нов видео запис „Бегаш“ на Стефанија – Девојчето со долгата коса

Radmila Tasevska

Рецензија на „Холивуд Репортер“ за „Патување пеш“: Режисерката на „Медена земја“ со нејзиниот ефективен спој на политичка итност и поетска креативност

Urednik

Тамара Тодевска носи „Торнадо“! Пејачката откри детали (ВИДЕО)

Urednik