Режисерката Тамара Котевска доби награда за придонес во документаристиката, односно, за „оставање трајни вредности“, на TRT International Documentaries Awards, што се одржаа во Истанбул. Котевска беше и член на жирито во интернационалната програма. Таа истакнува дека оваа значајна особено и значи, затоа што доаѓа од филмска институција што ја поддржува европската филмска индустрија, а го препозна и квалитетот „Медена земја“.
ТРТ беше првата официјална филмска институција што го препозна и филмски го поддржа „Медена земја“ со 30.000 евра во категоријата Work in progress на Сараевскиот филмски фестивал во 2017 година. TRT се познати по високоинтуитивните избори за поддршка на филмови од не многу познати автори во рана фаза, од кои многу станале кандидати за Оскар и имаат номинации (уште еден регионален пример поддржан од ТРТ е босанскиот Quo vadis Aidа на Јасмила Жбаниќ, кој го имаше истиот пат како „Медена земја“ – прво поддржан на Сараево, а потоа дистрибуиран од „Неон“ и со номинација за Оскар – објаснува Котевска.
TRT INTERNATIONAL DOCUMENTARIES е фестивал кој е создаден и поддржан од најголемата национална турска телевизија TRT. Покрај Анкара, TRT има свои студија и центри за емитување во Вашингтон и Лондон. Член е на Асоцијацијата за меѓународно емитување. Фестивалот постои 14 години.
TRT го поддржува и следниот проект на Котевска „Чочек против јато“, чие снимање е предвидено за наредна година, стои во соопштението.
Режисерката Тамара Котевска во друштво на Амал Клуни во Венеција