СТАНДАРД life
МК Сцена

Весна Бејби: Децата не знаат да разликуваат кој театар е МНТ, Комедија и Драмски, тоа е пораз на сите нас

Во последниот месец изгубивме, зборувам за мојот матичен театар, изгубивме тројца одлични актери Трајче Георгиев, Катина и вчера веста што силно ме потресе смртта на Љац. Многу малку размислуваме за вредностите коишто се денес тука, многу малку ги чуваме нашите уметници, не само актери, туку и сликари, композитори, изведувачи, пејачи, вели во своето обраќање на Инстаграм, познатата актерка и водителка Весна Петрушевска Бејби а по повод неодамна починатиот Владимир Ендровски-Љац.

„Зборувам за сите уметници и сите оние кои ви го правиме животот да биде повесел, подобар макар и на час и половина во една театарска претстава, телевизиски филм, игран филм, краток филм, во нашите телевизиски емисии каде упорно се обидуваме да допреме до вас. Сме изложени на критики и целиот живот ни е на тапет, но да знаете дека ние живееме за аплауз. Но некако брзо ги забораваме луѓето и баш сум тажна. Затоа што не оптеретивте, не пукнавте со таа дневна политика“, вели Весна во видеото.

Актерката додава дека поради сите погоре наведени работи се заборави на децата, образованието и одењето во театар.

„Едно време тоа беше религија, култура на живеење. Сега веќе тоа го немате. Вашите деца не одат во театар. Не знаат каде е Театар за деца и младинци, не знаат да разликуваат кој е Македонски народен театар, Комедија и Драмски театар. Тоа е пораз на сите нас и тоа е многу тажно. Живееме во тажно време, држава и без никакви вредности. Да ја поправиме некако, барем да ја вратиме насмевката на оние генерации коишто ги оставаме после нас“, вели Весна.

Поврзани вести

Џон Њуман и Бурак Јетер пристигнуваат на „ЕГЗИТ“ во Струмица

Urednik

Се разведуваат Анета Молика и Џими

Radmila Tasevska

Се породи Антониа Гиговска, веста ја објави нејзиниот сопруг

Radmila Tasevska