СТАНДАРД life
МК Сцена

ЗДРАВО МЛАДИ по 14 пат во МКЦ

На денот на Народното востание на македонскиот народ, 11 октомври, ќе се реализира 14 издание на фестивалот на нова музика “ЗДРАВО МЛАДИ” во организација на Младинскиот културен центар – Скопје.

Во рамките на програмата, публиката ќе има можност да погледне 17 различни музички артисти од 6 земји од Европа. Оваа година, програмата претставува вистинско изобилство од музички артисти кои пленат со своите настапи во живо, претставувајќи сериозна музичка разгледница од светот.

Во рамките на програмата селектирана од младата издавачка куќа и колектив “Гола планина / Мртов коњ”, публиката ќе има можност да ги чуе младата дарквејв артистка “ATA” (MKD), енергичните “KLOTLJUDI” (SRB), дрон/фолк артистот “СТОЈ, ПОСЛЕ!” (MKD), панк-рок изведувачот “DIMISH” (МКД), инди составот “ZANADU” (MKD), психоделичните “VAGINA CORPORATION” (MKD) како и диџеите Пепи и Шабан.

Оваа година, Младинскиот културен центар оствари тесна соработка со Холандската амбасада во Скопје, каде со нивна организациска и финансиска поддршка, како и поддршката од партнерите од европската мрежа “Liveurope”, ќе се реализира музчката програма насловена како “Liveurope & NL” селекција. Во неа, публиката ќе ги проследи настапите на иновативните “VELOCITY MADE GOOD” (NL), експлозивното трио “HOUSEPAINTERS” (NL), соло проектот и хрватскиот хит “IDEM” (HR), панк изведувачот “TANDARA” (HR) како и полските џез експериментатори “KOSMONAUCI” (PL).

Во соработка пак со холандската издавачка куќа “YUGOFUTURISM”, ЗДРАВО МЛАДИ ќе ги угости интензивното нојз трио “TEXOPRINT” (NL), андерграунд нојз- поп сензацијата “SØWT” (NL), кантавторката “EERIE WANDA” (NL/HR), како и диџеј сет на независниот промотер, агент и менаџер на издавачката куќа “YUGOFUTURISM”, Кун Хегде или диџеј VIKENDICA.

Свој диџеј сет ќе има и резидентниот диџеј на Здраво Млади уште од своето прво издание, Диџеј Фиц од Ирска.

Програмата е финансиски поддржана од Министерството за култура и туризам, Холандската амбасада во Скопје и мрежата “Liveurope”.

Влезот на 14. издание на ЗДРАВО МЛАДИ е слободен, додека програмата ќе започне во 19 часот.

Поврзани вести

Во БиХ започна снимањето на филмот „Павилјон“ со македонска копродукција

Urednik

Елена Ристеска одбра сив краток фустан со светки и црни сандали за настапот пред скопјани

Radmila Tasevska

(ВИДЕО) Лила се „разигра“ на јахта во Дубаи, друштво и права Биг Мама

Urednik