„Ноќи во Кан, француско вино“… Приближно вака изгледаат ноќите на нашата позната инфлуенсерка и ТВ водителка Елена Најдоски која деновиве ужива на Југот на Франција со сопругот. Погледнете дел од нејзините фотографии…
Нашата инфлуенсерка, ТВ водителка и продуцентка, Елена Најдоски (екс Стефаноска) ужива на луксузен одмор на француската ривиера и во Монте Карло, од каде редовно споделува фотографии на нејзиниот Инстаграм профил.
Елена и Бојан пред неколку денови ја прославија третата годишнина од бракот, а по тој повод во моментов се заминати на одмор, каде може да уживаат во луксузот што го пружа јужниот брег на Франција.
„Ноќи во Кан, француско вино и човекот со којшто ќе се состанувам цел живот!“ – напиша таа до една од фотографиите.
А кога сте на југот на Франција, секако, жалосно би било да не го посетите и Монте Карло.
Елена редовно споделува видеа и фотографии од хедонистичкиот одмор на којшто уживаат заедно со Бојан, а како што може да забележат нејзините следбеници, тие двајца имале можност да уживаат во вкусните специјалитети и пријатната атмосфера на некои од најлуксузните ресторани.
Кликнете на стрелките од објавата за да погледнете уште неколку фотографии и видеа: