СТАНДАРД life
МК Сцена

Интервју со Таско: Емоциите се сведени на нула, би сакал малку да „разбијам“ со поемотивни и подлабоки теми

Живееме во едно време каде што емоциите се сведени на нула, па така да би сакал малку да „разбијам“ со по емотивни и по длабоки теми, вели во интервју за „Стандард лајф“ македонскиот рапер и текстописец, Христијан Тасковски, попознат како Таско.

Свесен е за својата популарност и влијанието кое го има кај помладите генерации, со оглед на тоа дека неговите спотови имаат огромен број прегледи на видео-платформите и социјалните мрежи.

-Меѓутоа во секоја музика има свои предности и мани, така да и во нашата, што не значи дека јас ако пеам за одредени работи, истите тие треба да ги прават, туку напротив да слушнат што е и да се оттргнат од тие работи, истакнува тој.

За својот настап на Макфест и значењето на песната „Сафир“, раперот смета дека секој млад артист треба да проба да настапи на таа сцена.

– За мене беше едно ново искуство, и излегување од комфорт зоната каде што е нова димензија на креирање и творење. „Сафир“ сама по себе си ја носи емоцијата која што ја има, и ќе им оставам на луѓето да одлучат за значењето на истата, порача Таско.

На прашањето што носи иднината за него, македонскиот рапер и текстописец има желба да биде и да остане да плива во музичките „води“.

– Но не знам каков е планот за мене. Сега засега сум тука, и сигурно газам низ сите препреки, а само времето ќе покаже како и каде ќе завршам, додава Христијан.

Како се пронаоѓаш во улогата татко?

-Искрено многу ми е убав цел период и време кое го поминувам со Лукијан, и искрено мислам дека сега за сега добро се снаоѓам.

Од каде ти се појави љубовта кон овој музички правец? Зошто го избра баш овој жанр на музика?

-Кој? Се што правам го правам од мојот порив и желба за творење и кај мене кога е во прашање “жанр” на музика нема граници.

Твоите песни имаат милиони прегледи на YouTube, те слушаат голем број деца, дали чувствуваш одговорност за тоа како влијаеш врз нив?

-Нормално. Меѓутоа во секоја музика има свои предности и мани, така да и во нашата, што не значи дека јас ако пеам за одредени работи, истите тие треба да ги прават, туку напротив да слушнат што е и да се оттргнат од тие работи.

Таско и Малена
Таско и Малена

Неодамна настапи на „Макфест“. Можеш ли да споделиш какво е твоето искуство, какви впечатоци ти остави и какво значењето има песната „Сафир“?

-Препорачувам на секој млад артист да проба да настапи на сцената на „Макфест“. За мене беше едно ново искуство, и излегување од комфорт зоната каде што е нова димензија на креирање и творење. „Сафир“ сама по себе си ја носи емоцијата која што ја има, и ќе им оставам на луѓето да одлучат за значењето на истата.

Има ли Македонија рап сцена и дали има надежни рап артисти?

-Секако дека да. Од кога се искачивме на сцена, искочија и многу млади деца кога видоа дека се формира некаква сцена. Мило ми е за сите и се надевам дека сите ќе успеат во својата цел.

Со кој артист ти е најудобно на сцена и на која соработка си најгорд?

-Со Пајак. Пред се ми е многу добар пријател, и сме многу блиски и досега каде и да сме настапувале заедно сме имале супер хемија. „Намерно“ е една од моите подраги соработки бидејки е направена од меѓусебна почит и другарство.

Имаш ли трема пред настапите?

-Не.

Што би променил кај себе кога е во прашање музиката?

-Па искрено можеби би бил повеќе емотивен. Живееме во едно време каде што емоциите се сведени на нула, па така да би сакал малку да „разбијам“ со по емотивни и по длабоки теми.

Каде се гледаш себеси во иднина? Дали планираш да продолжиш како рапер или имаш замислено други планови?

-Па се што е поврзано со музика е мојата работа. Сакам да бидам и да останам да пливам во музичките „води“ но не знам каков е планот за мене. Сега засега сум тука, и сигурно газам низ сите препреки, а само времето ќе покаже како и каде ќе завршам.

Р.Т.

Поврзани вести

Интервју со Young Dadi: Долго време посакував да сум на местото на светските ѕвезди кои ги гледав секојдневно на телевизија

Urednik

📽 Излезе новата и последна песна на Тоше Проески

Radmila Tasevska

Во Скопје се одржа филмски викенд за младата публика

Urednik