СТАНДАРД life
МК Сцена

📹Оловен војник – нов сингл на Милко

Скопскиот инди-рок бенд Милко го претстави својот нов сингл наречен Оловен војник.

Втората објава по минатомесечниот „Тажен понеделник“, ни ги носи Милко во исклучително игриво издание.

Се работи за песна во која се гледа големото искуство на бендот, надополнето со модерен, свеж музички израз и звук. Несомнено, потенцијален есенски раздвижувач во етерот.

Песната е авторско дело на Сашо Митревски. Снимена е во студио Алшар, продуцент – Ивица Јанкуловски.

Милко по пет години пауза ќе одржат концерт на 6 ноември во Котур.

Поврзани вести

Вчера се снимаше седмата епизода од адреналинското шоу ТРИУМФ

Urednik

„Јон Вардар против Галаксијата“ овој викенд на Grossmann Fantastic Film & Wine Festival во Словенија

Urednik

Лила на промоција кај Џамбазов: „Каква е оваа ситуација?“

Radmila Tasevska