СТАНДАРД life
Секс и врски

Причини за сексуални проблеми во врската

Не заборавајте дека искрениот разговор е клучен за успех на секоја врска.

Кога е сексот во прашање, секој очекува и сака возбудливи и страсни моменти со партнерот. Освен што е важен дел од врската, сексот исто така е уште еден начин да се поврзете со саканата личност.

Но, понекогаш нештата едноставно не „штимаат“. Ова се најчестите проблеми со кои се соочуваат двојките во нивниот сексуален живот:

Различно либидо

Многу честа појава е едниот од партнерите да сака секс почесто од другиот. Секс-терапевтката Емили Морс вели дека до проблеми доаѓа кога разликата во либидото е многу различна или кога интензитетот не е ист во исто време кај двајцата партнери. Освен што ќе се јави незадоволство, неусогласеното либидо може да доведе до фрустрација и да биде причина за расправии. Оваа ситуација може да се подобри со отворен разговор, разбирање за потребите на партнерот, а понекогаш и компромис.

Проблем во комуницирањето

Морс тврди дека колку повеќе разговарате за сексот, толку подобар секс ќе имате. Комуникацијата треба да почне надвор од спалната соба – во неутрален простор каде никогаш не водите љубов. Никогаш немојте да го обвинувате другиот, туку изјаснете сè што ви пречи и што ви треба, а потоа внимателно сослушајте. На крај, преминете на решавање на проблемот и поставување на основа за побрзо решавање на проблемите во иднина.

Недоволно предигра

Истражувањата покажале дека на повеќето жени им се потребни 18 минути предигра за да се возбудат и да уживаат во сексот. Не го прескокнувајте овој дел од сексот и повторно – не заборавајте на отворената комуникација.

Трите сексуални фантазии на секоја жена

Здодевен секс

Можете да го обвинувате партнерот колку сакате, но вие сочинувате 50% од сексот од кој се жалите. Затоа, наместо да вперувате прст, преземете ги работите во свои раце: пробајте нов простор, нова поза и вратете ја страста кај себе, а потоа и во врската.

Недоволно време

Живееме во брзо и динамично време и често се чувствуваме „проголтани“ од обврски. Тоа секако се одразува на времето за интимност. Сепак, мора да научите да постигнувате баланс во животот, за сè, вклучувајќи го и сексуалниот живот. Мора да најдете време за себе и време за со партерот и да го направите тој план одржлив долгорочно. Ако треба, закажете термин за секс, само да не дозволите да помине уште повеќе време што ќе ве оддалечи од партнерот.

Поврзани вести

Најголемите машки стравови во љубовта

Radmila Tasevska

Што жената не треба да стори по случен секс – 7 совети од специјалисти

Urednik

5 суптилни разлики помеѓу вистинската љубов и токсичната врска

Urednik