Киран Калкин синоќа го освои својот прв Златен глобус за настапот во Наследници.
Во оваа прилика, Киран одржа интересен говор во кој се обрати пред својот колега Педро Паскал.
„Ду*ај го, Педро! Извини! Мој е“, се пошегувал тој, а камерите потоа му се свртеле на Паскал, кој се правел дека плаче поради неговите зборови.
Откако му се заблагодари на целиот тим, на Киран му беше кажано да го заврши својот говор, па тој заврши со заблагодарување на „прекрасните жени“ во неговиот живот, на менаџерот, неговата мајка и неговата сопруга Џез.
Инаку, Киран пред дваесет години беше номиниран за Златен глобус за улогата во филмот Igby Goes Down, но тогаш не го освои.
“Suck it, Pedro!”
Kieran Culkin jokingly roasts Pedro Pascal as he accepts the #GoldenGlobe for Best Actor in a TV Drama. pic.twitter.com/SoE6NzOIsG
— Variety (@Variety) January 8, 2024