СТАНДАРД life
Шоубиз

📸 Блејк Лајвли фотографирана во ретко излегување со нејзината 16 години постара сестра

Блејк Лајвли присуствуваше на ревијата на Мајкл Корс на модната недела во Њујорк. 36-годишната актерка беше придружувана од нејзината 16 години постара сестра Робин Лајвли, која ретко се појавува во јавноста.

Тие го привлекоа вниманието на фотографите и спремно позираа.

Покрај Робин, познатата актерка има и сестра Лори и двајца браќа Ерик и Џејсон. Сите се занимаваат со глума, но најпозната е Блејк, која е и најмлада.

„Постои значителна разлика во возраста која изгледа речиси и да не постои бидејќи таа сега е мајка. Имаме толку многу сличности и нашата врска е длабока и искрена. Порано си помагавме со нашите проекти и работни места. Сега заедно го правиме она што нашата мајка го правеше“, изјави Робин своевремено за „Fox News Digital“.

Робин е позната по нејзините улоги во филмовите Teen Witch и The Karate Kid Part III од 1989 година и по нејзините улоги во ТВ сериите Doogie Howser, Twin Peaks и Saving Grace.

52-годишната Робин е во брак со актерот Барт Џонсон.

Поврзани вести

🎥Џејми Фокс за најтешките моменти: „Не можев да одам. Го видов тунелот, но не видов светлина

Urednik

Прогласен најзгодниот маж на светот за 2023 година

Radmila Tasevska

📽 Норт Вест е ѕвезда на спотот за новата песна на Канје Вест

Radmila Tasevska