СТАНДАРД life
Шоубиз

📸 По разводот со Софија Вергара, Џо Манганело ја претстави новата девојка

Само пет месеци откако поднесе барање за развод од Софија Вергара, Џо Манганело се најде на црвениот тепих со актерката Кејтлин О’Конор.

Џо (46) прошета по црвениот тепих и им позираше на фотографите со 13 години помладата актерка на галата на која се собираа пари за децата од Ерменија.

Ова е нивно прво официјално појавување во јавноста, потврдувајќи ја нивната врска, за која се шпекулира уште од септември годинава кога беа фотографирани како опуштено се шетаат.

Инаку, на 17 јули медиумите објавија дека Манганело и Вергара се разведуваат по 7 години брак. Тие во заедничка изјава за медиумите изјавија дека донеле тешка одлука и дека и покрај разводот сѐ уште се сакаат и се грижат еден за друг. Затоа побараа од медиумите да ја почитуваат нивната приватност додека минуваат низ фазата на развод.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PopCulture (@popculture)

На нивниот брак наводно му пресудило тоа што Џо сакал деца, а пет години постарата актерка не можела да му ја оствари таа желба. Исто така, американските медиуми пишуваат дека до несогласувања довел и фактот што Софија често консумирала алкохол, додека Џо бил трезен со години, со обѕир на тоа што во минатото имал проблеми со разни зависности.

Поврзани вести

ДеВито: Со Шварценегер го пропуштивме снимањето на „Близнаци 2“

Urednik

Парис Хилтон го чека своето второ дете, ќе го именува по нејзиниот омилен град

Urednik

Натали Портман за нејзината прва улога: „Деца не треба да работат во Холивуд“

Urednik