СТАНДАРД life
Шоубиз

📸 Поради нејзиниот изглед на 91 година сите се во шок: „На каква диета е…?“

Џоан Колинс изненади со својот изглед на Еми наградите, а фановите не веруваат дека има 90 години.

Актерската дива Џоан Колинс пред неколку дена беше на доделувањето на Еми наградите, а сите што ја видоа останаа без зборови.

Во текот на вечерта Џоан на сцената го прогласи победникот во една категорија, а фотографиите од 90-годишната жена го обиколија светот.

Таа носеше син фустан кој паѓаше по телото до подот, а елегантните ракавици во иста боја го направија нејзиниот аутфит уште поелегантен.

Социјалните мрежи беа преплавени со коментари на интернет корисници кои не можеа да поверуваат дека таа е толку стара и така изгледа. Еден напишал: „Би сакал сите да знаат дека Џоан Колинс има буквално 90 години. Тоа е дива“.

„Не разбирам како има 90 години. Кралицата“, „Џоан Колинс не остарела од 1979 година“, „Добро, каква вампирска диета држи Џоан Колинс? Девојчето има 90!“, се пошегуваа многумина.

Инаку, Џоан беше секс-симбол во 80-тите. Таа ја постигна улогата што ја прослави во „Династија“, а глумеше и во бројни филмски продукции како „Пастув“, „Земја на фараонот“ и други.

Секогаш е интересно да се спомене дека таа се мажела дури пет пати во животот.

Таа се обиде да најде среќа со Максвел Рид, Ентони Њули, Рон Кас и Питер Холм. Со вториот сопруг Ентони има две деца Тара и Александар Њули, додека со третиот сопруг Рон ја доби ќерката Катјана Кас.

Перси Гибсон го освои нејзиното срце по петти пат, а актерката и денес е во брак со него. Џоан не крие колку е среќна со својот сопруг, со кој е во брак во последните 20 години и покрај тоа што е 31 година помлад од неа. Тој ја придружуваше и на доделувањето на Еми наградите.

Поврзани вести

По речиси 40 години се сретнаа главните актери на „Близнаци“, погледнете како изгледаше нивното обединување!

Urednik

Еден од најмистериозните холивудски актери продолжува да го крие полот и името на детето

Urednik

Почина кантри пејачот Тоби Кит

Radmila Tasevska