СТАНДАРД life
Шоубиз

Снимен во прегратка со актерка: Хари Стајлс има нова љубов

Хари Стајлс, една од најголемите ѕвезди на денешницата, по која лудуваат девојките ширум светот, очигледно стапил во романтична врска со актерката Тејлор Расел.

По долги шпекулации за потенцијална врска, парот практично потврди дека има „нешто повеќе“ меѓу нив кога синоќа беа забележани како разменуваат нежности во еден ноќен клуб.

Поранешниот член на бендот „One Direction“ во неколку наврати нежно ја гушкаше убавата Тејлор околу половината, додека таа му возвраќаше на допирите на рацете и заводливите насмевки.

Пред да замине на ноќно излегување, Хари Стајлс ја гледаше изведбата на Расел во „Ефект“ во лондонскиот национален театар, на кој им се придружија познатиот водител Џејмс Корден и неговата сопруга.

„Тие често се држеа за раце. Хари не ја остави Тејлор ниту една секунда. Ја запозна со Џејмс и често ѝ шепкаше и ја смееше“, потврдил извор за Page Six.

Парот недолго потоа се искраде од барот преку задната врата и заедно побегна од фоторепортерите со автомобилот на Стајлс.

„Изгледа дека тие се уште не се подготвени да бидат видени заедно во јавноста и се обидуваат се да чуваат во тајност“, заклучил изворот.

Да потсетиме, поп-ѕвездата претходно беше во кратка врска со Емили Ратајковски, со која пролетта беше фотографиран во Јапонија, а тоа го потврди и манекенката која откри дека врската трае од февруари.

Сепак, нејзините предвидувања за долговечноста на нивната врска, се чини, не беа точни…

Поврзани вести

📷Каде тргнала? Сури Круз влечеше куфер по улиците на Њујорк

Urednik

Ново обвинение за силување против Шон „Диди“ Комбс

Urednik

Се снима филм или серија за Бритни Спирс, Бред Пит и Рис Витерспун се во борба за правата

Urednik