СТАНДАРД life
Храна

Јапонски полнети пиперки

Најново откритие за нас се јапонските полнети пиперки, оригинално наречени Piman Nikuzume.

Според овој рецепт, пиперките се полнат со мешавина од месо, презла и зачини, а посебна карактеристика им е премазот на база на соја сос и мирин, слатко оризово вино кое во овој случај може да се замени со оцет со додавање на шеќер.

Сè ни звучи многу добро, би вредело да се проба…

Состојки:

* 4 зелени пиперки
* 200 гр мелено месо
* 1/4 главица кромид
* 2 лажици презла
* 1 јајце
* 1 лажица масло
* 1 лажица соја сос
* 1 лажица мирин
* малку густин
* малку шеќер
* малку брашно
* сол, бибер

Подготовка:

Зелените пиперки исечкајте ги на половина по должина, извадете ги семките и внатре малку посипете со брашно.

Кромидот исечкајте го на коцки и измешајте го со месото, изматеното јајце, презлата, солта и биберот. Добро измешајте и наполнете ги пиперките.

Загрејте го маслото во тава и ставете ги пиперките со месото надолу. Се динста поклопено на тивок оган 3-4 минути. Превртете кога ќе ја промени бојата и динстајте поклопено уште 4-5 минути.

Кога пиперките се готови, премачкајте ги со сосот што го добивате кога ќе измешате соја сос, мирин и малку густин. Алтернативно, се користи мешавина од соја сос и сос од домати.

На здравје!

Поврзани вести

Рижото по рецепт на Гордон Ремзи: Се подготвува без ориз, но сепак е вкусно и сочно

Urednik

Превкусно! Едноставни лазањи од тиквички

Urednik

Говедско во кремаст фета сос

Radmila Tasevska