Како ликот Енди од култниот филм „Ѓаволот носи Прада“, актерката Ен Хатавеј во последните месеци доживува модна ренесанса.
Посетувајќи ги модните ревии и шетајќи по црвениот тепих на свечените настани, 40-годишната оскаровка редовно ги полни рубриките со модни избори вредни за внимание.
Овој пат и успеа во улогата на водителка на овогодинешното доделување на престижните модни Оскари, што се одржа во просториите на Американскиот музеј за природна историја во Њујорк.
Улогата на овогодинешната водителка на наградата, како што се испостави, требаше да ја игра Сара Џесика Паркер, но поради „непредвидени околности“, ѕвездата од серијата „Сексот и градот“ и ја препушти на Хатавеј, која брилијантно се справи со улогата на водителка на овогодинешното издание на Мет Гала што се одржа во чест на дизајнерот Карл Лагерфелд.
И додека Советот на модни дизајнери на Америка им оддаде почит на титаните на индустријата, славната оскаровка таа вечер и оддаде почит на поп-принцезата со своето издание, во пресрет на објавувањето на мемоарите „Жената во мене“.
Во гореспоменатата книга, Бритни зборува за турбулентниот однос со колегата Џастин Тимберлејк, со кој влегла во модната историја во 2001 година благодарение на сега веќе култното, тексас издание од црвениот тепих на Американските музички награди.