СТАНДАРД life
Шоубиз

Брус Вилис целосно уништен од болестa! Не може повеќе да зборува!

Брус Вилис речиси се пензионираше откако му беше дијагностицирана „афазија“, нарушување кое влијае на говорот, разбирањето, меморијата и другите когнитивни функции. Во многу случаи, како и кај актерот, тоа може да доведе до деменција.

Актерот се помалку се појавува во јавноста, а неодамна со себе има и телохранител бидејќи често го заборава патот до дома.

Како што открива негови близок пријател, Брус Вилис повеќе не може да зборува, пишуваат американските медиуми.

„Моето чувство е дека во првите минути знае кој сум јас. Тој не е целосно вербален. Порано беше сериозен читател, не сакаше никој да го знае тоа, а сега воопшто не чита. Сите тие јазични вештини повеќе не му се достапни, а тој сè уште е Брус. Кога сте со него, знаете дека тој е Брус и сте благодарни што е таму, но неговата радост и желба за живот исчезнаа“.

Актерката Деми Мур, поранешната сопруга на Вилис и мајка на нивните три деца, неодамна се скрши додека признаваше дека Брус Вилис веќе не може ни да ја препознае.

Поврзани вести

Џулија Робертс проговори за смртта на Метју Пери

Urednik

Не е се како што изгледа: Џорџ Клуни откри се за наводната продажба на вилата на Комо

Urednik

Принцот Хари пристигна во Лондон по веста за болеста на неговиот татко, кралот Чарлс

Radmila Tasevska