СТАНДАРД life
Здравје

Вода со ѓумбир на празен стомак: Едноставен пијалок кој може да донесе многу придобивки

Хидратацијата е многу важна и во постудените денови, како и во текот на летото, а советот на многу експерти е во водата да додадете парче овошје или зачин.

Водата од ѓумбир се користи за подобрување на општото здравје – лесно се прави и може да има бројни здравствени придобивки. Може да помогне во варењето и да го смири вознемирениот стомак бидејќи е познато дека ѓумбирот помага при стомачни тегоби и се користи од различни култури ширум светот. Може да биде корисен и за слабеење, како и за намалување на болките во зглобовите и мускулите; придонесува за општо подобрување на изгледот на кожата.

Како да направите пијалок од ѓумбир?

Состојки:

* 1 парче ѓумбир
* 300 мл. вода

Подготовка:

Излупете парче ѓумбир и исечкајте го што е можно поситно за подобро да се соедини. Додадете вода во блендерот до ѓумбирот и добро измешајте додека ѓумбирот не ја ослободи пулпата.

Кога ќе се изблендира, добиената течност процедете ја во цедалка или можете и преку парче газа. Течноста потоа е подготвена за консумирање.

Ова е количината за една чаша, а вие, се разбира, можете да ја зголемите количината на состојки и да направите повеќе течност што можете да ја пиете неколку дена. Доколку се одлучите за поголема количина, тогаш сè мора да чувате во фрижидер додека не одлучите да го пиете.

Оваа смеса се препорачува да се пие и на празен стомак.

Поврзани вести

7 знаци на празничен срцев синдром, потенцијално фатална состојба

Urednik

Симптоми кои откриваат дека не консумираме доволно протеини

Urednik

🎥 Гастроентеролог го откри појадокот со 4 состојки што го јаде секој ден

Urednik