СТАНДАРД life
Здравје

5 знаци дека јадеме премногу леб

Иако лебот е една од најпопуларните намирници, пред се затоа што може брзо да се подготви и да се јаде на различни начини, диететичарите предупредуваат дека не треба да претеруваме.

Доколку јадеме прекумерни количини леб и пекарски производи, во нашиот организам се јавуваат неколку негативни несакани ефекти, пренесува BrightSide.

Еве ги знаците кои укажуваат дека веројатно јадеме премногу леб:

Дигестивни проблеми

Луѓето кои се нетолерантни на глутен или страдаат од целијачна болест, а не се свесни за тоа, може да се чувствуваат надуени по консумирањето леб. Дополнително, со оглед на тоа дека лебот е богат со јаглехидрати, доколку претераме, би можеле да имаме дигестивни проблеми како запек или грчеви.

Зголемена глад

Лебот, особено белиот леб, содржи големи количини јаглехидрати, а со тоа и висок гликемиски индекс. Така, едно истражување покажа дека храната со висок гликемиски индекс може да го влоши чувството на глад и да доведе до непотребно прејадување во текот на денот.

Ненадеен пораст на шеќерот во крвта

Во случај на прекумерно консумирање леб, во нашиот организам ќе дојде до нагло зголемување на шеќерот во крвта, што со себе носи и бројни други негативни појави. Како што објаснуваат диететичарите, честото зголемување на шеќерот во крвта може да доведе до зголемен ризик од дијабетес.

Покачен холестерол

Покрај наглото зголемување на шеќерот во крвта, прекумерното консумирање леб може да доведе и до покачен холестерол. Причината е што производите како кроасани, кифлички со путер и сите други видови пакуван леб се богати со транс масти, што може да доведе до покачен холестерол доколку се консумира редовно.

Проблеми со кожата

Исто така, прекумерното консумирање леб кај огромното мнозинство на луѓе предизвикува проблеми со кожата, пред се појава на мозолчиња или акни. Храната како лебот, но и тестенините, белиот ориз, тестенините и другите рафинирани зрна направени од бело брашно, може да предизвикаат мозолчиња на нашата кожа. Како што покажа една студија, луѓето кои консумираат премногу рафинирани јаглехидрати имале 30 проценти поголем ризик од развој на акни.

Рецепт за леб кој не се меси

Поврзани вести

Ви недостасуваат омега-3, протеини и витамини? Решението е во една намирница

Urednik

План одобрен од нутриционистите: Ослободете се од вашата желба за слатки за само 5 дена

Urednik

Нутриционист посочува пет причини зошто треба често да јадеме боровинки

Radmila Tasevska