СТАНДАРД life
Шоубиз

📸 Селин Дион се појави на Греми наградите

Селин Дион се појави на Греми наградите, што беше нејзино прво појавување во јавноста во последните неколку години. Дион се појави како водителка, а кога излезе на бината, во салата избувнаа аплаузи.

„Ви благодарам на сите, ве сакам назад. Кога велам дека сум среќна што сум тука, навистина го мислам тоа. Од се срце“, рече 55-годишната Дион додека ѝ ја доделуваше наградата на Тејлор Свифт за албум на годината.

Да потсетиме, Селин Дион на крајот на 2022 година откри дека боледува од синдром на вкочанета личност. Таа веста ја откри со емотивно видео објавено на нејзиниот официјален Инстаграм, а во последно време состојбата и се влошила, па повеќе не излегува во јавност. Пејачката поради болест го откажа европскиот дел од турнејата Courage, а еден од концертите требаше да се одржи во Загреб.

За нејзиниот живот со оваа болест е снимен документарен филм.

Поврзани вести

Ева Лонгорија со одличен стајлинг ги истакна своите витки нозе

Urednik

Богатството на Пери се проценува на 120 милиони долари. Кој ќе го наследи?

Radmila Tasevska

Брус Вилис снимен со пријателите

Urednik